3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на цртежи „Скици 2014“ во Демир Капија

Изложба на цртежи „Скици 2014“ во Демир Капија

Image (12)

Биеналната изложба на цртежи „Скици 2014“, ќе биде отворена во вторник, со почеток во 19 часот, во Изложбениот салон на Дом на  култура „Мирка Гинова“,  Демир Капија.

Координатор и организатор на изложбата е НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово.

На оваа изложба учество земаа академските сликари Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Александар Симоновиќ – Симо, Марија Величковска, Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Далибор Крстевски и Наташа Петковска.

Биеналната изложба на цртежи “Скици 2014“ претставува обид за континуирано презентирање на цртежот како значаен сегмент кој полека се наметнува во севкупното претставување на ликовните уметници од Куманово. Самата идеја за актуализирање на цртежот се роди во 2006 год. како проект на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово и оттогаш на секои две години сме присутни во јавноста со нова изложба којашто претставува пресек на цртачкото творештво на кумановските академски сликари“, пишува Роберт Цветковски, историчар на уметност.

Изложбата беше претставена пред ликовната публика во Куманово, Штип и Струмица а во Демир Капија ќе биде поставена во следните десеттина дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП