22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија, Австралија и Холандија планираат да се придружат на AIIB

Русија, Австралија и Холандија планираат да се придружат на AIIB

aiib

Русија, Австралија и Холандија во саботата искажале интерес за придружување на Азиската банка за инфраструктурни вложувања (AIIB), на чие чело е Кина, со што се зајакнуваа оваа институција која што се смета дека ќе го зголеми регионалното и глобално влијание на Пекинг.

Азиската банка за инфраструктурни вложувања (AIIB), која претставува предизвик за постојните глобални институции како Светската банка и Азиската банка, доби студен одговор од САД, но и покрај тоа европските американски сојузници, меѓу кои се Велика Британија, Франција, Германија и Италија, веќе најавија дека ќе ѝ се придружат на банката. Други важни земји, како Турција, Јужна Кореја и Бразил, исто така, соопштија дека ќе се придружат на AIIB.

Говорејќи на форумот во саботата во градот Боао на јужниот кинески остров Хианан, првиот потпретседател на руската влада Игор Шувалов изјави дека Русија апланира да се приклучи кон AIIB, пренесе државната кинеска агенцијата Синхуа.

На истиот форум австралискиот министер за финансии Матиас Корман изјави дека неговата земја планира да испрати барање за да стане основачка членка на банката AIIB, а подоцна во саботата барање испратила и Грузија, се наведува во информацијата на Синхуа.

Холандскиот премиер Марк Руте објави на својот официјален профил на Facebook, по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, дека Холандија, исто така, планира да ѝ се придружи на споменатата банка.

Кинеското министерство за финансии претходно во саботата објави дека Велика Британија и Швајцарија формално се прифатени како основачки членки на Азиската банка за инфраструктурни вложувања (AIIB),, ден откако Бразил ја прифати поканата на Кина да се придружи. Министерството објави дека и Австрија испратила барање за членство.

Почетните 50 милијарди американски долари капитал на AIIB, во најголем дел го обезбеди Кина којашто ја претставува оваа банка како инструмент за финансирање на регионалниот развој и како можен конкурент на меѓународните заемодавачи чии седишта се во САД, како што е Светската банка.

Кина во октомври 2014 година заедно со дваесет земји потпиша меморандум за разбирање со кој беше најавено основањето на развојната банка со седиште во Пекинг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП