3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрезентација и отворена дискусија со кураторката Башак Шенова

Презентација и отворена дискусија со кураторката Башак Шенова

11084423_10206460852255310_1004011534_n

„Непрекинлива и просторна контрола” е насловот на презентацијата на кураторката Башак Шенова која во денес ќе се случи во Агенцијата за сериозни интереси во Скопје.

Презентацијата ќе биде проследена со отворена дискусија, а настанот кој е во организација на проектниот простор прес ту егзит е дел од програмата „Кураторски размени 4“.

Башак Шенова има изјавено дека “без оглед на конструираните истории и колективни мемории, чинот на помнење секогаш е поврзан со „определено место”. Секоја афирмативна перцепција на просторот неопходно се историзира и политизира. Оттука, повеќето од овие специфични места се обременети со меморија и контролни механизми.

Постојаните непрекидни и просторни обмислувања во поголемиот дел од нејзината кураторска работа се оформени низ овие услови.”

Башак Шенова е куратор и дизајнер. Студирала литература и графички дизајн (MFA in Graphic Design and Ph.D. in Art, Design and Architecture at Bilkent University) и била дел од 7. Програма за обука на куратори на Stichting De Appel, Амстердам. Има пишувано текстови за уметност, технологија и медиумите, иницирајќи и развивајќи проекти и курирајќи изложби, од 1995 година.

Шенова е уредник на art-ist 6, Kontrol Online Magazine, Lapses book series, UNCOVERED, Aftermath и други публикации. Таа е уреднички дописник за ibraaz.org и еден од основачките членови на NOMAD, како и организатор на “ctrl_alt_del” и “Upgrade!Istanbul”.

Оваа година, таа е куратор и на Македонскиот павилјон на 56-тото биенале во Венеција, кое се претставува со проектот „Ние сите сме сами во ова“ на Христина Иваноска и Јане Чаловски, a e во организација на Националната галерија на Македонија.

Кураторски размени е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на уметнички истражувања, кураторски практики и едукација. Симпозиумот е концептуализиран во 2012 како дел од програмата „Иницијатива за кураторски гостувања“, и адресира  прашања кои ја потенцираат потребата од преиспитувања на улогата на кураторот и можноста тој да се најде во улога на генератор и двигател на нови социо-политички и културни промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП