14 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри жолчки, но само една е од органско потекло. Што мислите која?

Три жолчки, но само една е од органско потекло. Што мислите која?

87530_jaja_630x0

Оние кои живеат или имаат роднини на село, веројатно веднаш можат да го препознаат здравјето на жолчката, односно домашното или органско јајце.

Секако дека домашните кокошки се разликуваат од оние кои се органски одгледувани. Во исхраната на кокошките од органската фарма нема штетни хемиски компоненти, ниту хормони, немаат ниту ограничени услови на движење. Кокошките во конвенционалните фарми се затворени во кафези, а често се хранат и со концентрат.

Жолчките на органските јајца, главно се со значајно поинтензивни, со потемна боја (на сликата, првата жолчка од лево), па така и се што ќе подготвите од нив има јасно жолта боја. Но органската, или жолчката од кокошката од село, може да биде и посветла, бидејќи самата боја на жолчката зависи и од видот на исхраната. Ако кокошката се храни со пченка и се шета слободно низ дворот, веројатно жолчката ќе биде потемна. Но ако се храни само со пченка, и не се движи, бојата на жолчката ќе биде посветла.

Без оглед на бојата, домашните и органските јајца изобилуваат со бета-каротен и омега-3 масни киселини, а имаат и поголемо количество на витамините А, Б и Е.

76601_jaja-shutterstock-71977822_630x0 (1)

Нутриционистите потенцираат дека, кога станува збор за еден органски производ, тогаш сертификатот е исклучително важен.

„Ако имате намера да купите органски производ, претходно би требало да го погледнете сертификатот како и тоа да знаете со што се хранела кокошката која ги снела тие јајца. Органските јајца се секако поздрави од конвенционалните кои ги купуваме во супермаркетите, а покрај тоа што не содржт хормони и антибиотици, и нивната нутритивна вредност е поголема“, велат нутриционистите.

Доколку се одлучите пак сами да одгледувате пилиња, претходно треба добро да се информирате и да им овозможите доволно простор, да ги храните со свежо зеленило (колку потемна трева, толку подобро), спанаќ, кељ и брокули, а во зима со пченка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП