2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОдговорете на овие 6 прашања и дознајте дали сте во опасност од...

Одговорете на овие 6 прашања и дознајте дали сте во опасност од Алцхајмерова болест

Alchajmer-02394

Докторите измислија прашања кои ќе ви помгонат да ги откриете првите знаци на оваа болест. Ако тестот е позитивен, не паничете, посетете го вашиот доктор.

Иако како најопасни болести се издвојуваат заболувањата на крвните садови и ракот, луѓето сепак најмногу се плашат од деменција. Ова го покажало британското истражување кое наведува дека во текот на следните 35 години, бројот на заболени од Алцхајмерова болест двојно ќе се зголеми.

Во денешното стресно темпо на живот, кое меѓу останатото е погубно и за краткорочното помнење, тешко е да се разликува обичната заборавеност од деменцијата. А, иако Алцхајмеровата болест е најчестиот облик, деменцијата е збир на повеќе од 200 различни болести, што дополнително ја отежнува дијагнозата.

Исто така, мозокот природно се намалува, па од 50-та до 65-та година од животот овој орган во просек губи 120 грама. Васкуларната деменција често е последица на намалување на циркулацијата во мозокот, што може да се спречи со намалување на тежината .

Сето тоа започнува од ситуациите кога нешто ви е на „врв на јазик“, односно нешто знаете, само што не можете да се сетите во моментот.

Ова се шесте прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали имате проблем:

1. Која година сме? (точно 0, неточно 4)

2. Кој месец сме? (точно 0, неточно 3). Покрај ова прашање обидете се да ја запомните адресата, на пример: Аминта Трети бр.57/4 – Скопје

3. Без гледање во часовникот, кој е наблискиот полн час? (точно 0, неточно 3)

4. Избројте наназад од 20 до 1 (точно 0, една грешка 2, повеќе грешки 4)

5. Набројте ги месеците во годината наназад (точно 0, една грешка 2, повеќе грешки 4)

6. Која беше адресата? (точно 0, една грешка 2, две грешки 4, три грешки 6, четири грешки 8, се погрешно 10)

 

Бодување:

0-7 – Нема никакви знаци за проблем

8-9 – Би било добро да го посетите лекарот

10-28 – Поголем проблем, задолжително посетете го лекарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП