26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар без Дибиров на завршниот турнир во СЕХА

Вардар без Дибиров на завршниот турнир во СЕХА

dibirov

Левото крило на Вардар Тимур Дибиров нема да настапи на завршниот турнир во СЕХА лигата, кој во среда ќе започне во Веспрем, а на кој неговиот тим ќе ја брани титулата освоена мината сезона.

Рускиот репрезентативец поради скинато мусколно влакно ќе мора да мирува најмалку седум дена, што значи дека нема да игра во Веспрем, но ќе биде подготвен за четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите против Киелце.

Вардар на завршниот турнир за противник во полуфиналето (29.март) ќе го има победникот од четвртфиналниот меч помеѓу Брест Мешков и Нексе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП