10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВлатко Стефановски со Васко Атанасовски и гости од Словенија на концерт во...

Влатко Стефановски со Васко Атанасовски и гости од Словенија на концерт во ДОМ на АРМ

vlatko stefanovski 254444

Два концерта заедно со Васко Атанасовски и стринг камерниот оркестар на словенечката филхармонија ќе одржи во сабота (21-ви март) во Домот на АРМ во Скопје македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски.

„Среќен сум и горд што можам некого да го научам малку од мојата приказна, да ја раширам мојата приказна пошироко и подалеку. Тоа е привилегија. Да можам јас да ги научам Словенците да го свират „Калајџиско оро“, тоа е привилегија. Тоа зборува за тоа дека сум успеал да се наметнам, сум успеал да продадам нешто, да им кажам ’Е ова е добро, слушајте го’, а тие да речат ’Да, ќе го купиме, или ќе го прифатиме, ќе го сфатиме како наше’“, рече Стефановски на прес конференцијата во понеделникот.

Организаторите планираа да одржат голем концерт во Универзалната сала, но заради проблеми со покривната конструкција на овој објект, целиот настан се префрли во Домот на АРМ, а заради помалиот капацитет на салата, наместо еден, Стефановски со гостите ќе одржи два концерта еден по друг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП