4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКинескиот поет Беи Дао, лауреат на СВП за 2015

Кинескиот поет Беи Дао, лауреат на СВП за 2015

kancevska-mileska-laureat-kin

Кинескиот поет Беи Дао е лауреат на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2015 година, одлучи Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, информираше претседателот Славе Ѓорго Димоски.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето пред присутните рече дека Струшките вечери на поезијата се македонски национален бренд и потврдуваат дека Македонија е земја која силно ги респектира различностите, културните вредности и автентичните поетики кои го чинат европското и светското културно богатство, но оваа манифестација на извонреден начин го збогатува и европскиот и светскиот културен простор.

Творештвото на Беи Дао е особено значајно по своите естетски и поетички особености.

„Неговата поезија која изобилува со свежина и метафори, критичарите во своите рецензии ја оценуваат како автентична, уникатна и необично богата инвенција.  Кинескиот поет, кој стана поетски глас на неговата генерација во 1970-тите, денес е еден од најистакнатите личности на кинеската модернистичка белетристика, автор кој создал песни кои ги надминуваат границите на книжевноста на негово време“, рече Канческа Милевска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП