29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате да го стопите салото од стомакот до летото, а сакате кокос...

Сакате да го стопите салото од стомакот до летото, а сакате кокос и нес? Ова е вистинскиот рецепт за вас!

86942_collage-kafa_630x0

Овој напиток за намалување на килограми со причина стана планетарно познат и популарен, кога бизнисменот Дејв Аспреј пред неколку години го сподели со јавноста.

Аспреј овој пијалак го нарече „Bulletproof“ кафе, а тој е калоричен и може да замени еден оброк. Аспреј тврди дека овој напиток му помогнал да симне дури 40 килограми.

Кога ќе ја испиете оваа енергетска бомба, сигурно нема да бидете гладни во наредните три часа.

Тајната на овој напиток се наоѓа во високата концентрација на масти кои го подолжуваат дејството на кофеинот, па покрај ситоста ќе почувствувате и зголемување на енергијата.

75982_profimedia0175660644_630x0

Постојат различни верзии на ова популарно кафе, а ние овој пат ви го претставуваме оригиналниот рецепт:

– 1 лажичка нес кафе

– ½ лажица какао или неколку капки арома од ванила

– 1дл бадемово млеко

– 1дл зовриена вода

– 1 лажица органско кокосово масло

Земете ја омилената шолја за кафе, ставете го нескафето и какаото и додајте ја врелата вода. Изматете со машинка за нес кафе, а потоа додајте го топлото бадемово млеко. На крај додадете ја лажичката кокосово масло.

Во овој кремаст напиток сигурно ќе се заљубите веќе на првата голтка и веруваме дека верно ќе се дружите секое утро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП