1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСе отвараат младински кино клубови на креативен филм „Македокс“

Се отвараат младински кино клубови на креативен филм „Македокс“

makedoks

Младинските кино-клубови на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ ќе заживеат во 12 градови низ земјата со 84 филмски проекции.

„Ризницата на креативни документарни филмови ја отвораме за да си го пробистриме умот и изостриме сетилото за убаво, за да видиме и научиме како е другде и да ја децентрализираме културата овде. Проектот се реализира во дебатните клубови на МОФ со цел да се подигне свесноста за човековите права со посредство на креативната документаристика“ велат од Фестивалот „Македокс“.

Циклусот започнува на 19 март во Неготино со проекција на документарниот филм „Алфабет“ на Ервин Вагенхофер.

Филмот „Алфабет“ (продукција Австрија/Германија, 2013) ја велича човековата имагинација, покажувајќи ни како ја губиме низ стандардизираниот образовен систем и како стануваме совршен потрошен материјал за современото вртоглаво општество заинтересирано единствено за мерливи резултати. Филмските проекции се бесплатни и ќе се одржуваат еднаш месечно во: Неготино, Велес, Кичево, Дебар, Кратово, Битола, Куманово, Струга, Тетово, Делчево, Ресен, Гевгелија и во Скопје. Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy – Вашингтон, САД.

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ е основан во Скопје во 2010 година со цел да ја претстави и промовира креативната документарна филмска уметност. Зачнат со ентузијазмот на една група на доку-љубители, „Македокс“ за само пет години успеа да прерасне во национална, регионална и светски етаблирана филмска манифестација со над 80 проекции годишно, придружена со изложби, дебати, работилници, мастер-класови и музички настани. Шестото издание на „Македокс“ ќе се одржи од 20 до 26 јуни 2015 година во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП