29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на избраните дела од академик Блаже Ристовски

Промоција на избраните дела од академик Блаже Ристовски

blaze ristovski

По повод 85-годишнината од раѓањето на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите во четврток, во 12 часот ќе се одржи промоција на Избраните дела во десет томови од овој автор, што ги објави Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.

На свечениот чин воведен збор ќе има академик Владо Камбовски, претседател на МАНУ, а делата ќе го промовираат Георги Старделов, Катица Ќулафкова, Димитар Пандев, Симо Младеновски и Раде Силјан, главен уредник на изданието.

Во оваа пригода ќе биде организирана изложба на објавените дела на Ристовски, која ќе ја отвори академик Витомир Митевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП