26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПретставата „39 – те чекори за годишнината на „Театар чин 4 сцена...

Претставата „39 – те чекори за годишнината на „Театар чин 4 сцена 5“

teatar

Младинското драмско студио „Театар чин 4 сцена 5“ по повод осумгодишнината од постоењето на 17 март во вторник, премиерно ќе ја изведе претставата „39те чекори“.

Претставата е по драматизација на Патрик Берлоум од новелата на Џон Бучан, по која и е снимен филн на Алфред Хичкок.

Оваа претстава е во режија на Саша Нацевски, а играат Филип Димчески, Наталија Ристеска, Емилија Чавлеска и Дарко Ристески, кои ќе изведуваат повеќе од 50 ликови.

„Претставата е романтична комедија и е омаж на филмовите од 30, 40 и 50 – тите години на минатиот век. Мултифункционална и мултимедијална е уметничката поставка, која до сега не е видена во градот. Во фокусот покрај актерската игра, многу важна улога игра и звучниот дизајн на Томе Темелкоски, кој својата театарска дејност како композитор и инжинер на звук ја започна токму со „Театар чин 4 сцена 5“ како и светлосниот дизајн на Јордан Чавлески. Сценографијата е сведена на минимализам, со цел публиката да може целосно да се препушти на сопствената имагинација“, вели Гоце Сазано, раководител на МДС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП