18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги надмина Франција и Германија во извозот на оружје

Кина ги надмина Франција и Германија во извозот на оружје

oruzje111

Кина ги надминала Франција и Германија и стана третиот светски извозник на оружје, според статистичките податоци коишто во понеделникот ги објави Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (SIPRI).

Бројките коишто се однесуваат на петгодишниот период од 2010 до 2014 година, со цел да бидат опфатени големите тенденции, укажуваат на тоа дека на пазарот на оружје „САД надмоќно ја заземаат првата позиција со 31 отсто од извозот“, пред Русија со 27 проценти.

Следните три земји имаат далеку понизок удел со околу пет отсто извоз секоја. Спроед SIPRI, „Франција би била трета“ доколку кон крајот на 2014 година, според договорот, ги испорачаше носачот на хеликоптери од типот „Мистрал“ кој Русија не го доби поради нејзината наводна улога во украинскиот конфликт.

Три азиски земји увезуваат повеќе од две третини на кинеското оружје, и тоа Пакистан – 41 отсто, па Банлгадеш и Мјанмар, Пекинг тргувал и со 18 африкански земји во истиот петгодишен период. Извозот на оружје на Кина, така, е зголемен за 143 отсто повеќе во последните пет години во однос на претходните пет години.

Русија ја снабдува со оружје првенствено Индија, кој според SIPRI е првиот светски увозник, кому 70 отсто од оружјето му доаѓа од руските производители. САД, пак, имаат разна клиентела, а според шведскиот институт прв увозник на американско оружје е Јужна Кореја.

Меѓу првите десет светски извозници на оружје, покрај Кина со најголем процентуален раст, Украина и Русија, исто така, доживеале најголем раст на својот извоз, додека испораките од Германија и од Франција назадувале, покажува истражувањето на SIPRI.

Точно предна седмица експертите од водечката компанија за прашањата за трговија со оружјето во светот IHS Janes со седиште во Лондон објавија дека Саудиска Арабија во 2014 година станала прв светски увозник на оружје и воена опрема, надминувајќи ја Индија, а како причина за тоа се наведуваат се’ поголемата напнатост на Блискиот исток и Пацифичка Азија, тврдат

Во текот на 2014 година продажбата на оружје во светот „порасна шеста година по ред“, достигнувајќи вредност од 64,4 милијарди американски долари, во однос на 56 милијарди долари во 2013 година. Тоа претставува зголемување од 13,4 отсто, се вели документот на „IHS Janes“.

Во извештајот кој опфаќа 65 земји се истакнува дека од неодамна најголемиот купувач на оружје е Саудиска Арабија со увоз во износ од 6,5 милијарди долари. Оваа земја во 2013 година беше втора во светот според увозот на оружје и воена опрема, а во 2014-та од таа позиција ја симна Индија, која потрошила 5,5 милијарди долари, и стана најважниот пазар за САД во овој сегмент.

Саудискиот увоз на оружје и воена опрема е зголемен за 54 отсто, а ќе расте за 52 отсто во 2015 година, и ќе достигне сума од 9,8 милијарди долари, а Блискиот исток е најголемиот регионален пазар за продажба на оружје со околу 110 милијарди долари потенцијален увоз во претстојната деценија. Само Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во текот на изминатата 2014 година направиле увоз на оружје и воена опрема од околу 8,6 милијарди долари, што е повеќе од цела западна Европа.

Кога станува збор, пак, за извозот на оружје и воена опрема, во споменатиот лондонски извештај се наведува дека со продажба од 23,7 милијарди долари САД се најголемиот извозник, како и дека на оваа земај отпаѓаат две третини од светскиот извоз на оружје во светот. На второто место е Русија, којашто во 2014 година најмногу оружје извезувала во Кина, а вкупната продажба на оружје и воена опрема на оваа земја изнесува 10 милијарди долари, што е за 9 отсто повеќе отколку во претходната 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП