20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар загуби од Висла

Вардар загуби од Висла

vardar

Ракометарите на Вардар го загубија првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите на теренот на Висла со 32:26 (14:12).

Вардар во Полска одигра егал со домаќинот во првото полувреме, 25 минути резултатот беше нерешен, екипите се менуваа во водството, потоа Висла создаде три гола предност (12:9) и успеа предноста да ја одржи до крајот на полувремето.

Второто полувреме е веројатно најлошиот период кој сезонава го одиграле играчите на Вардар, во првите 11 минути постигнаа само еден гол, примија седум и експресно предноста на Висла стигна до осум голови (21:13).

Во тие 11 минути блескаше вториот голман на Висла, Вихари кој успеа да одбрани два седмерци.

Играчите на полскиот вицепрвак комотната предност ја одржуваа до 52.минута (28:19), кога во серија влезе Душебаев, од кои еден во последната секунда избори пристоен пораз за својот тим.

Душебаев со 10 и Дибиров со пет голови беа најефикасни играчи во тимот на Вардар, додека Висла ја предводеа Никчевиќ со шест голови и голманот Коралес со 13 одбрани.

Реваншот во Скопје, по кој ќе биде познат патникот во четвртфиналето, ќе се одигра на 21.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП