21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате болки во грбот од седење? Решете го проблемот за 60 секунди...

Имате болки во грбот од седење? Решете го проблемот за 60 секунди (видео)

17291698555018c5d22220141344081_w640

Осум или повеќе часови поминати на работното биро лошо влијаат врз вашиот `рбет. Болките во долниот дел од грбот така стануваат секојдневна појава со која се борат се повеќе луѓе. Доколку чувствувате непријатна болка за време на работното време издвојте 60 секунди и решете го овој проблем.

Притисокот и болката во долниот дел од грбот е честа појава. Болките се појавуваат поради лошо држење и оптоварување на долниот дел од карлицата, но и поради грч во телото предизвикан од стрес и умор.

За моментално ублажување на болката пробајте една кратка вежба со дишење која го опушта телото и го намалува чувството на притисок во лумбалниот дел.

Вежби за дишење против болки за 60 секунди

1. Седнете и заземете удобна положба. Затворете ги очите и обидете се да се опуштите.

2. Врвот на јазикот потпрете го веднаш позади горните предни заби.

3. Вдишете низ носот полека во траење од 4 секунди, задржете го здивот броејќи до 7 и полека издишувајте низ уста броејќи до 8, произведувајќи тивок звук на олеснување.

4. Постапката повторете ја уште три пати.

Вежби пред спиење од 60 секунди

Секоја вечер пред спиење додека лежите во кревет, направете кратко истегнување од 60 секунди.

1. Легнете на стомак и потпрете се на подлактици.

2. Горниот дел од телото подигнете го така што ќе се потпрете на лактите, подигнете ја и главата, задржете ја положбата 8 секунди и вратете се во почетната позиција. Вежбата повторете ја два пати.

3. Легнете на грб и свиткајте ги колената, а рацете испружете ги покрај телото. Подигнете ја карлицата во рамна положба, останете така осум секунди и вратете се во првобитната позиција.

4. Останете да лежите на грб и соберете ги нозете, свиткајте ги во колена, опфатете ги со рацете и повлечете кон градите. Останете во таа позиција осум секунди, па вратете се во првобитната позиција. Вежбите повторете ги два пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП