16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПо 150 години ќе биде ставен во функција источниот конак од манастирот...

По 150 години ќе биде ставен во функција источниот конак од манастирот „Св. Архангел Михаил“

arhangel_mihail_1

Деновиве во тек се активностите околу реконструкцијата на источниот конак на манастирот „Свети Архангел Михаил“ крај Прилеп, која започна во 2012 година и треба да заврши кон крајот на оваа година заедно со проектот за конзервација на влезната порта.

„Општина Прилеп располага со голем број на објекти од културно – историско значење и нивната заштита и конзервација отвара можност за развој на манастирскиот туризам. Со изградбата на патот до манасторот Трескавец и сега со изградбата на патот до манастирот во Зрзе се олеснувва достапноста до овие културно–историски богатства кои се во нашата општина“, истакна прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.

Директорката на „Завод и Музеј“, Гордана Данилоска Спироска, пак, посочи дека за оваа година предвидени се повеќе проекти од областа на заштита на културното наследство.

„Предвидено е да биде завршен и усогласен со Законот за градење проектот за реконструкција на конаците на манастирот Трескавец, по што би се очекувало во почетокот на јуни да се распише тендер за избор на изведувач на градежните работи. Оваа година, исто така, предвидено е да се изработи  проект за конзервација на црквата и трпезаријата и проект за конзервација  на магерничкиот конак и камбанаријата’, рече Данилоска Спироска.

Во програмата на Министерството за култура влезен е и во завршна  фаза на реализација е проектот за конзервација на монашкиот конак во манастирот „Свето Преображение“  во Зрзе, каде што при крај се градежните активности околу изградбата на патот.

Во текот на 2015 година ќе биде изработен и проект за конзервација на покривот и архитектурата на манастирската цркна „Свети Никола“ во село Манастир, а исто така предвидена е и да се реализира втората фаза од конзервација на  фрескоживописот во истата црква.

До почетокот на мај се очекува да заврши проектот  за конзервација на куќата на Жеревци, лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ бр. 130, која е во рамки на проектот за обнова на објекти со автентична староградска архитектура

Средствата за реализација на овие прокетите на Националната установа „Завод и Музеј“ – Прилеп се обезбедени од страна на Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП