2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛимон и вино за подобро варење

Лимон и вино за подобро варење

zp-45

Последиците од калоричните залчиња ќе ги „излекува“ лимонот, исцедете го во чаша вода и испијте го веднаш…

Колку пати после обилната вечера сте си ветиле дека наредниот пат ќе бидете умерени во јадењето и пиењето за желудникот да ве поштеди од маките.

Но, не сте му одолеале на искушението, и повторно сте се прејале масна и тешка храна која ви создава проблеми. Обидете се да ги ублажите последиците на следниве начини:

– Лажица сода бикарбона или јаболков оцет се сигурниот лек против мачнини и киселини. Ставете ги во вода и испијте ги веднаш штом ќе почувствувате тешкотии.

– Минералите, особено калциум и магнезиум, добро делуваат на стомакот и го ублажуваат чувството на надуеност, па затоа покрај оброците треба и нив почесто да ги внесувате. Најмногу ги има во зелениот лиснат зеленчук.

– Последиците од калоричните залчиња ќе ги излекува и лимонот. Исцедете го во чаша вода и испијте го веднаш, бидејќи тоа го поттикнува варењето и го забрзува разградувањето на храната.

– Чашата црно вино, кое содржи антиоксиданти, ги разградува мастите. Но, 2 дл се лековити за вашиот стомак, а се над таа количина може да создаде дополнителни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП