28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Лина Тренкоска во Прилеп

Изложба на Лина Тренкоска во Прилеп

lina izlozba

Изложба на графики од уметницата Лина Тренкоска од Македонски Брод ќе биде отворена во петок, во 19 часот, во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Тренкоска на првата самостојна изложба во Прилеп ќе се претстави со 27 дела – претежно пејзажи и портрети работени во комбинирана техника и дворез, работени во последните две години.

Лина Тренкоска е родена во 1991 година во Прилеп. Во 2010 година завршила моден дизајн во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ – Скопје,  а во 2014 дипломира на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на отсек ликовна педагогија (графика), со модул графички дизајн.

Професор е по ликовна уметност  во С.О.У  „Св. Наум Охридски”, Македонски Брод.

Има учествувано на групни изложби и колонии како Ликовна графичка колонија во Пешна, групна изложба  „Топол културен бран”, Ликовна колонија во Накучани, Шабац, Р.Србија, Ликовна колонија во Плав, Р.Црна Гора, „Паратисима” – саем за современа уметност  во Скопје, групна изложба на ФЛУ, самостојна изложба во Н.У Кочо Рацин – Кичево, групна изложба “Светци” – Дом на култура Марко Цепенков – Прилеп, графички симпозиум во Технически факултет – Софија, Р.Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП