19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПосакувам музиката да ја споделуваме насекаде

Посакувам музиката да ја споделуваме насекаде

nnn

Маестро Борјан Цанев, матичниот диригент на Македонската филхармонија, последниве години бележи голем број настапи не само кај нас туку и во голем број светски реномирани музички центри. По настапите во прочуените “Зала Бугарија” во Софија, “Ватрослав Лисински” во Загреб, Asakusa Public Hall во Токио, “Синагогата” во Нови Сад и др, следна дестинацја е Њујоршкиот “Карнеги Хол” каде заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи со музичкиот проект на  Дуке Бојаџиев „Сон, верба, љубов“.

na

По само речиси еден месец од успешно реализираниот проект „Сон, верба, љубов“, кој беше заеднички проект на Македонската филхармонија на чело со диригентот со интернационален ангажман, маестро Борјан Цанев и нашиот композитор кој живее и работи во Њуjорк, Дуке Бојаџиев, плановите за претставување на нашата култура надвор од Македонија продолжуваат. Па така, целиот проект ги шири своите граници и набрзо се подготвува да се претстави пред њујоршката публика, во престижната Карнеги хол. Со ансамблот Македонска филхармонија ќе диригира Борјан Цанев, а на сцената со Дуке Бојаџиев, кој ќе свири на пијано, ќе настапат и неговите соработници од Њујорк, Исмаил Лумановски на кларинет, Крсте Роџевски вокал, Матијас Кунцли перкусии, истовремено помогнати од повеќе други музичари од Њујорк.

nnn

„Проектот со кој ќе настапиме во Њуjорк, ќе биде сличен со тој со кој настапивме пред домашната публика, музика во која се чувствува поднебјето на нашата земја. Покрај македонскиот призвук, музиката на Бојаџиев опфаќа фолклорни елементи и од турската, ромската и албанската музика, кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап. Очекувам успешен настап и се надевам дека ќе предизвикаме силни реакции кај префинетиот вкус на њујоркшката публика. Покрај овој концерт, Македонската филхармонија ќе одржи уште еден концерт во Њујорк, но со чисто класичен репертоар”, изјави Борјан Цанев.

nb

Во вакви моменти, можеби недостига можноста да се споделат ваквите бесценети концерти и чувства со пошироката македонска јавност како што беше пред неколку години, кога токму Македонската филхармонија предводена од маестро Цанев го изведе првиот онлајн концерт во Македонија. T-Mobile и T-Home им приредија уникатно искуство на сите интернет корисници во Македонија, да го следат нашиот концерт на интернет, преку својот мобилен телефон, или компјутер, без оглед на тоа каде се наоѓаат. На овој начин, граѓаните имаа можност да уживаат во изведбата на 12 македонски поп, рок и народни песни и вистински да ги доживеат придобивките од  најбрзиот интернет.

Стотици гледачи на почетокот на концертот ги преплавија друштвените мрежи и за кусо време гледаноста ја премина бројката од 30 илјади љубители на македонската поп-мелодија.

Секако огромна заслуга за тоа му припаѓа на Т- Мобиле за капацитетот на мрежата, приредувајќи им неверојатно искуство на гледачите. Па така, не е случаен податокот од истражувањето на Брима Галуп, каде 68 отсто од испитаниците ја оценуваат мрежата на Т-Мобиле Македонија за најдобра во земјава и истата ги оправдува нивните очекувања. “Тоа беше неверојатно искуство за нас, концерт во живо, но без публика која е физички присутна во салата. Сметам дека идејата беше одлична, впрочем тоа го кажаа и гледачите кои многу позитивно и со воодушевување реагираа на настанот, за кој искрено се надевам дека Т-Мобиле може повторно да го организира”, изјави Борјан Цанев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП