7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСтатините го зголемуваат ризикот од дијабетес за 50 отсто

Статините го зголемуваат ризикот од дијабетес за 50 отсто

Diabetic patient doing glucose level blood test

Лековите за намалување на нивото на холестеролот можат значително да го зголемат ризикот од развој на дијабетес од типот 2, покажа истражувањето на финските научници кои утврдиле дека статините кои се препишуваат како средство за превенции од болестите на кардиоваскуларниот систем се поврзани со речиси 50 отсто поголемиот ризик од појава на шеќерната болест, се вели во студијата објавена во магазинот Diabetologia на европското здружение за шеќерна болест.

Шестгодишното истражување спроведено во Финска на речиси 9.000 мажи покажало дека оние на коишто им биле препишувани статините, имале многу поголеми изгледи за зголемување на нивото на шеќер во крвта и симптоми на дијабетес. Откако ги зеле предвид влијанието на возраста, индексот на телесната маса, семејната историја на заболувања, пушењето, консумирањето алкохол и навиките за вежбање, оние кои биле на статини имале 46 отсто поголеми изгледи за појава на шеќерна болест.

Експертите предупредуваат на потенцијалните недостатоци на истражувањето. Имено, на лицата на коишто им биле препишани статини веројатно веќе во почетокот имале поголем ризик од појава на дијабетес, бидејќи нездравиот начин на живот им е можниот заеднички именител.

Истражувањето го спровеле два фински универзитети на 8.749 мажи на возраст од 45 до 73 години. Ниеден испитаник на почетокот од истражувањето немал дијабетес, а околу 2.100 испитаници земале статини. До крајот на испитувањето кај 635 мажи е дијагностицирана шеќерна болеста. Ризикот растел со дозата препишан статин, а научниците веруваат дека лекот веројатно ја променил чувствителноста на инсулинот и го намалил лачењето на овој хормон поттикнувајќи го дијабетесот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП