Недостигот од реформи и високата стапка на невработеност се клучните проблеми со кои се соочуваат државите од југоистокот на Европа, а таквиот тренд може да се промени и со намалување на корупцијата и бирократијата, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 15 години транзиција во овој регион.
„Најголема грешка на економскиот модел на западниот Балкан е хроничниот проблем за недоволно користење на човечки ресурси, односно високата невработеност“, се наведува во дел од извештајот на ММФ, кој треба да биде објавен во понеделник.
Во извештајот се наведува дека стапката на невработеност во државите од регионот е најмалку за десет осто поголема во однос на државите членки на Европската унија и дека тоа е клучната причина за економското заостанување.
„Вработеноста е особено ниска меѓу жените и младите, а ова особено е изразено во БиХ и на Косово. Државите од западен Балкан треба да генерираат работни места доколку сакаат да го завртат трендот на лоши исходи на пазарот на труд што е причина на заостанувањењето на голем број држави“, се наведува во извештајот.
Структурните реформи, вклучително и приватизацијате на неефиканските општествени претпријатија, се единствениот одговор на оваа состојба за да се оствари напредок во државите на регионот, наведува ММФ. Истакнува дека за напредување на приватниот сектор како клучен мотор на раст потребно е да се решат проблемите на конкурентноста, вклучително и преобемната бирократија и лошото раководење.
„Без храбро потикнување на нови реформи, државите од западен Балкан не можат да очекуваат да привлечат нови инвестиции кои се потребни за финансирање на брзиот и одржлив раст и се излагаат на ризик дека ќе запнат на нивото на дохот кој е помалку од една третина на нивните побогати европски соседи“, се вели во извештајот на ММФ.