24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУспешна генералка пред Висла, Вардар го декалсира Веспрем

Успешна генералка пред Висла, Вардар го декалсира Веспрем

var

Ракометарите на Вардар со победа го завршија регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. Во последниот натпревар, Вардар го декласира Веспрем со 28:21 (14:10) и му го нанесе на унгарскиот тим првиот пораз во СЕХА конкуренцијата, воедно втор во сезоната.

Инаку за Вардар ова беше прва победа над Веспрем во четвртиот меѓусебен натпревар сезонава, Унгарците славеа на претходните три. Мечот со Веспрем беше генералка за Вардар пред првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони против Висла на 14.март.

Вардаровите играчи фуриозно започнаа, инспирирано во нападот и цврсто во одбраната која ја предводеше голманот Штербик.

Таквата игра по пет минути игра им донесе предност од 5:0, потоа во 11.минута водеа со 8:1, а во 19.минута стигнаа до највисоката преденост од 11:3.

Играчите на унгарскиот првак во последните десет минути започнаа да фаќаат приклучок и со серија 7:3 изборија пристојна негатива по првиот дел (14:10).

Во вториот дел двата тима постигнаа по пет гола до 38.минута, а потоа следуваше уште еден блесок на Вардар, серија од 6:0 (25:15) со која беше решен победникот.

Одлична партија во второто полувреме пружи голманот Милиќ кој го замени Штербик, тој успеа да одбрани десет удари.

Дибиров со осум, Душебаев со пет и Карачиќ со четири гола беа најефикасните играчи на Вардар, додека Маргуч со четити гола го предводеше Веспрем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП