29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Влахо Бранѓолица во Чифте амам

Изложба на Влахо Бранѓолица во Чифте амам

kalamota11

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во петок, во 20 часот, ќе биде отворена изложба на Влахо Бранѓолица со наслов „Каламота – Подалеку од светлината“.

„Фотографиите на Влахо Бранѓолица се технички брилијантно направени, не предизвикуваат ни најмал сомнеж дека авторот го пренел токму тоа што го видел. Перцепцијата на уметникот ја чекаат непрегледни димензии на макро и микрокосмосот, коишто се нераскинливо поврзани во секој човек заедно со природата, а уметникот има мисија да ги открива на свој, секогаш нов начин и да ги прикажува на останатите преку уметничкото дело“, се вели за изложбата.

Изборот на техниката со којашто се изработени овие фотографии од Каламота укажува на особено длабок контемплативно-медитативен однос што го воспоставиле авторот и природата. Простор што со своите, очигледно, вонсериски енергетски вредности го запира здивот на набљудувачот и приемникот на овие енергии коишто се отвораат преку изложените фотографии… А, во истовреме можат, во тек на длабок занес, и да застрашат со својата не-персоналност. Токму овде и се крие таа подлабока димензија на овие фотографии, затоа што тие претставуваат спој со подлабоките делови на психата, не со индивидуалното свесно, туку колективното несвесно дури и до ниво на аноргански несвесното. Затоа нив не можеме да ги наречеме надреални, туку оние родно-психоидни. Преку овие фотографии, уметникот ни овозможува ретка можност да ја почувствуваме космичката димензија на соодносот меѓу материјата и енергијата, каде што материјата како форма станува помалку важна во однос на сеопфатноста на енергијата и нејзината моќ на трансформација којашто му дава живот на сѐ што постои.

„На овие фотографии можеме да почувствуваме како „Вселената дошла на Каламота“ или, што е поверодостојноо, дека конечно можеме единствено преку ваков уметнички пристап да го почувствуваме единствениот спој на креативна космичка енергија во љубовен занес со Каламота…?!“, соопштуваат од Националната галерија на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП