Близу 40 отсто од Американците живее на раб на финансиска пропаст, со оглед дека извозот на нивните заштеди за „црни денови“ содејствува со нивните долгови по кредитни картички, или е помал од тој износ, покажа најновото истражување на интернет порталот Bankrate.
Околу 24 отсто од Американците имаат поголеми долгови по кредитни картички од заштедите за црни денови, додека 13 отсто немаат долгови по кредитни картички, но немаат ниту заштеда за вонредни ситуации, покажа најновото истражување на Bankrate.com.
Иако Американците никогаш не биле особено големи штедачи, барем не во последните децении, на многу работници им е потешко од порано да тргнат нешто настрана за црни денови, од причини што повеќето плати во последните години останале непроменети или се намалени. Најслабо платените работни во САД беа единствената група која лани забележа поизразен раст на платите и тоа благодарени на зголемувањето на минималната плата.
„Луѓето немаат доволно пари за непланирани издатоци, а доколку долговите по кредитни картички се поголеми од заштедите, тое а двојна невоља. Во случај на непланирани трошоци нивните опции се ограчени“, рече главниот финансиски аналитичар на Bankrate, Грег МекБриџ.
Во најлоша состојба биле лицата на возраст од 30 до 49 години, што веројатно поради финансиските стресови кои ја погодуваат оваа возрасна група, како што се детското штедење, школарина, хипотеки и слично.
Сепак, истражувањето покажало дека поголем број Американци се во подобра ситуација во споредба со 2014 година. Околу 58 отсто од вработените имаат поголема заштеда од долговите по кредитни картички, во споредба со 51 отсто од минатата година.
Еден од советите за зголемување на заштедите е да се издвои сумата за штедење на почетокот на месецот, наместо да се чека дали ќе остане нешто на крајот на месецот, вели МекБриџ. Врежано правило меѓу финансиските советници е постојано да се држи сума во висина на трошоците за период од три до шест месеци.