19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Вана Урошевиќ во КИЦ Софија

Изложба на Вана Урошевиќ во КИЦ Софија

vana_urosevik_izlozba

Во среда, во 18.30 часот, во КИЦ на Македонија во Софија, ќе биде отворена изложбата на познатата македонска уметница Вана Урошевиќ.

“Невидливиот медиум на чудесното” е насловот на изложбата, на која Урошевиќ ќе се претстави со 50 дела, работени со вез на рачно обоена свила. Изложбата финансиски помогната од македонското Министерство за култура ќе ја отворат директорот на Македонскиот културен центар во Софија Васко Шутаров и директорката на Музејот на современа уметност Елиза Шулевскa.

Вана Урошевиќ дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Белград во 1984 г, магистрира на истиот факултет во 1987 г.

Македонски претставник на педесеттото Биенале во Венеција (2003 г), учесник на бројни самостојни и групни изложби, добитник на значајни домашни и странски награди за ликовна уметност. Работи во Националната Галерија на Македонија во Скопје.

Вана Урошевиќ за прв пат изложува самостојно во Софија, а нејзината изложба посетителите ќе можат да ја видат до 19 Март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП