27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA ќе соработува со Marriott Hotels

IKEA ќе соработува со Marriott Hotels

ikea1

Американскиот хотелски синџир „Marriott Hotel“ соопшти дека ќе соработува со „IKEA“, со цел хотелскиот синџир „Moksi“ да се прошири и во Европа,

Во новиот синџир на хотели со три ѕвезди по пристапни цени ќе бидат основани 150 хотели во 10 европски земји, Германија, Австрија, Белгија, Италија, Финска, Норвешка, Шведска, Данска, Холандија и Велика Британија.

Се очекува дека првиот ваков објект ќе започне со работа во 2014 година во Милaно, пренесува Франс Прес. Се планира првите 50 хотели да бидат отворени во наредните пет години.

„Со цел да се поттикне брз развој на новиот синџир на хотели, „Marriott“ ќе работи заедно со „Inter Hotel“ (Филијалата на Икеа за хотелски инвестиции), прецизираше американскиот хотелски гигант.

„Marriott“ избра да му укаже доверба на норвешкиот оператор „Nordik Hospitality“, кој веќе има равиен бизнис во оваа област во Скандинавија.

Сместувачкиот капацитет на хотелот „Moksi“ ќе биде од 150 до 300 соби во секој хотел.

Главна целна група за овој тип на хотели се младите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП