19 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ9 намирници кои ќе ви помогнат да го забрзате метаболизмот

9 намирници кои ќе ви помогнат да го забрзате метаболизмот

84958_profimedia0219076005_630x0

Имате проблеми со вишок килограми и постојано барате начин како да го забрзате метаболизмот и полесно да ги согорите? Овие неверојатни намирници ќе ви помогнат да го забрзате и да го подобрите вашиот метаболизам.

1. Јајца

79404_jaja-profimedia0136940871_630x0

Јајцата припаѓаат во групата намирници кои содржат најмногу протеини. Тие ги поседуваат сите девет амино киселини кои му се потребни на вашиот метаболизам за да работи забрзано. Научниците докажаа дека со конзумирање на протеини во вид на јадења со јајца за доручек ве држи сити подолго време.

2. Семе чиа

84958_profimedia0219076005_630x0

Чиа семето е слабо познато кај нас, но во Централна и Јужна Америка тоа е познато како лек кој превентивно се користи за регулирање на дијабетес, прекумерна телесна тежина, како и за кардиоваскуларни болести. Тоа е богато со незаситени масти, влакна и исто така е една од намирниците кои подолго време ве одржуваат сити.

3. Цимет

14262_stock-photo-two-cinnamon-sticks-isolated-on-white-background-close-up-shutterstock_18403783_630x0

Циметот е познат во борбата против прекумерната телесна тежина и како намирница кој најмногу го забрзува метаболизмот. Причина за тоа е што му помага на дигестивниот систем во организмот, при што го регулира нивото на шеќер во крвта. Се препорачува користење на цимет како додаток во вашето кафе.

4. Бобичесто овошје

84959_profimedia0157991445_630x0

Во ова група на овошје меѓу другите спаѓаат: јагоди, малини, брусница, рибизли и тие се едни од најпознатите борци против болестите на кардиоваскуларниот систем. Тие ја регулираат телесната тежина, добри се за дијабетичари и секако најважни се за добра крвна слика.

5. Ѓумбир

84960_profimedia0138569003_630x0

Ѓумбирот кај народот е познат како универзален лек кој служи за исфрлање на токсините од организмот и го подобрува дигестивниот систем. Овој зачин ги „топи“ килограмите и значително го олеснува варењето. Се препорачува чај од ѓумбир.

6. Зелен чај

80098_profimedia0081600615_630x0 (1)

Кога се зборува за губење на килограмите и забрзување на метаболизмот, зелениот чај е вистински избор. Кофеинот кој го содржи зелениот чај ја подобрува енергијата и ги ослободува мастите од организмот. Се препорачуваат две до три шолји зелен чај дневно.

7. Авокадо

39218_shutterstock-133889831_630x0

Авокадото е намирница која е богата со незаситени масти, протеини и многу висок процент на влакна кој може да биде дури од 11 до 17 проценти во еден плод. Исто така, тоа може да ве одржи сити дури пет часа после конзумирањето.

8. Семе киноа

84961_profimedia0010361348_630x0

Ова семе е богато со магнезиум кој е извор на енергија и е главен регулатор на шеќерот во крвта. Тоа што семето киноа е класфицирано во овие девет поттикнувачи на метаболизмот е поради тоа што тоа не содржи глутен и со тоа е намирница која најмалку дебелее, а ве прави најмногу сити.

9. Лути пиперчиња

luti1

Капсаицинот е главната состојка на лутите пиперчиња и е главен поттикнувач во согорувањето на мастите во вид на забрзување на метаболизмот. Кога вашиот симпатички нервен систем се активира, се ослободуваат хормони по име катехоламини. Тие доведуваат до загревање на организмот и со тоа мастите се исфрлуваат од организмот. Тоа значи дека вашите масти се претвораат во течност 20 минути откако ќе изедете едно луто пиперче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП