26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо српското книжевно списание „Sent” објавена новела од Oсманли

Во српското книжевно списание „Sent” објавена новела од Oсманли

17092012094705_tomislav-osmanli

Новелата „Свадба на Дорќол“ од современиот македонски писател Томислав Османли објавена е во најновиот троброј на списанието „Sent”.

Станува збор за реномирано списание за литература, уметност и култура кое веќе 15 години се повајува во Нови Пазар, а го уредува истакнатиот книжевник Енес Халиловиќ, повеќекратно наградуван автор кој деновиниве го доби и високото литературно признание наградата „Меша Слимовиќ“.

Инаку најновиот троброј 34-36 „Sent” вклучува објави од 60 истакнати автори не само од Србија, туку и од  најширокиот регион, од Словенија до Грција.

Еден од трие оддели на бројот, оној наменет за проза почнува токму со расказот „Свадба на Дорќол“ на македонскиот писател, објавен во превод на Зоран Ж. Пауновиќ. Станува збор за поопсежен прозен запис која е дел од книгата на Османли „Светилка за Ханука“, за којашто, инаку, авторот Османли стана лауреат на наградата „Мајстор на прозата“.

Во одново објавената повест во која низ  живописни боења и перипетии гради меланхолична приказна на карактери и ситуации, посветена на необична свадба на двајца пристарени еврејски младенци од белградски Дорќол, од времето пред и по избувнувањето Втората светска војната…

Инаку, оваа проза на Османли има повеќе меѓународни објави, покрај онаа на англиски во списанието “Los muestros“ кое се појавува во Белгија на англиски јазик, таа повеќепати бил печатен во Србија: почнувајќи од неговата објава во списанието „Ulaznica” од Зрењанин, преку авангардниот книжеврн портал „KontraPress“, се’ до списанието „Видело“ кое исто така се појавува во Белград.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП