27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина славниот џез трубач Кларк Тери

Почина славниот џез трубач Кларк Тери

720x405-164167963-520x292

Џез трубачот Кларк Тери, познат по извонредно плодна кариера којашто траеше цели седум децении, почина на 94-годишна возраст, објави во неделата неговата сопруга.

Кларк Тери, добитник на престижната музичка награда Греми и композитор кој работеше со величини како Били Холидеј, Ела Фицџералд и Квинси Џон, „му се придружи на големиот музички состав на небото каде ќе пее и свири со ангелите, напиша неговата сопруга Гвен Тери на Facebook страницата на музичарот кој долги години боледуваше од дијабетес.

„Не’ напушти спокојно, опкружен од своето семејство, студенти и пријатели, додава Гвен. Според официјалната интернет страница на музичарот, Тери е еден од џез музичарите кој снимил најмногу нумери, а снимал, на пример со Оскар Питерсон, Дизи Гилипси, Дина Вашингтон, Арета Френклин, Реј Чарлс, Били Страјорн и Телониус Монк.

Роден во Сент Луис, во сојузната американска држава Мисури, Тери ја стекна славата по неколкуте години минати во морнарицата, свирејќи од крајот на 1940-те и 190-те со Каунт Бејзи и Дјук Елингтон, а потоа и со бендот The Tonight Show кој го водеше прославениот лидер на групата Док Северинсен.

Водеше и сопствени бендови, како и  Clark Terry’s Big Bad Band i Clark Terry’s Young Titans of Jazz, а во 2011 година ја издаде автобиографијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП