25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСЦ Борис Трајковски и НУ Драмски Театар - Скопје ќе ги соединат...

СЦ Борис Трајковски и НУ Драмски Театар – Скопје ќе ги соединат спортот и културата

sc trajkovski - teatar

Спортскиот Центар Борис Трајковски и НУ Драмски Театар – Скопје, во средата најавија дека ќе започнат взаемна соработка. На уникатен начин ќе ги соединат спортот и културата, давајќи голем акцент на сите оние кои го сакаат спортот и оние кои уживат во културата.

Оваа соработка се очекува да влијае на подобрувањто на физичката активност, а и ќе го зголеми интересот за што повеќе спортување и здрав живот, што е една од главните цели на СЦ Борис Трајковски.

„Ова е одлична иницијатива за соединување на корисниците на две врвни институции, кои ќе имаат можност да ги поврзат спортувањето и уметноста. Посетителите на НУ Драмски Театар – Скопје ќе можат да добијат попуст на услугите на дел од капацитетите на Спортскиот Центар, како Фитнес центар, Кугланата, Аеробик и Пинг Понг центарот и Пливачкиот базен”, изјави Златко Перински, директор на СЦ ,Борис Трајковски.

„Драго ми е што спортот и културата ќе се соединат на интересен начин. Љубителите на уметноста ќе можат да спортуват, а спортистите и рекреативците ќе можат да го следат репертоарот претстави на НУ Драмски Театар – Скопје. Корисниците на услугите во СЦ Борис Трајковски, ќе имаат попуст на билетите за претставите кои се на репертоарот, што е прва соработка од овој вид во Македонија“, изјави Роберт Вељановски, директор на НУ Драмски театар – Скопје.

Ова е голем чекор за сите љубители на спортот и културата, кон унапредување на спортската култура, но и внимателно следење на последните уметнички достигнувања.

Како најголем спортски комплекс во државата, СЦ Борис Трајковски има должност да продолжи со промоција на спортот и доближување на здравиот начин на живот до граѓаните – аспект кој е опфатен и со овие иновативни мерки кои се инспирирани од граѓаните, и ги следат нивните потреби и интереси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП