4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМногу пушите, пиете и јадете? За се е виновна работата!

Многу пушите, пиете и јадете? За се е виновна работата!

8499028254dcc3fa0b4f0016575277_w640

Ако некогаш сте се нашле во ситуација каде ја изговарате реченицата „работата ќе ме убие“, не сте сами. Милиони работници велат дека поради работата се чувствуваат заморено, стресно и дебело, откриваат, анкетите.

Многумина се чувствуваат како работата да ги поттикнува да јадат неквалитетно, дека поради работата немаат време за вежбање, и дека поради стресот повеќе пијат и пушат. Истражувањето го спроведе фондацијата „British Heart“ која ги повикува работодавците да ги охрабрат своите вработени 10 минути дневно да инвестираат во подобрување на својот животен стил. Откриено е дека 40 проценти од лицата чувствуваат дека работата има негативно влијание на нивното здравје во последните пет години, додека повеќе од половината од нив изјавиле дека сметаат дека се под стрес поради работата.

Повеќе од една третина од луѓето изјавиле дека добиле на килажа поради работата, а околу половина од нив рекле дека поради темпото на работа јадат нездрава храна. Поради предолгото работно време не одат на фитнес или во теретана.

Една четвртина од испитаниците одговориле дека нивната работа ги довела до тоа да пијат повеќе алкохол, додека едно од 10 лица изјавило дека поради работата повеќе пуши цигари.

Со анкетата е откриено дека 60 проценти од вработените работат прекувремено, а тие часови не им се платени.

Експертите од фондацијата се загрижени за состојбата на работниците бидејќи токму ваквиот начин на живот води до висок притисок кој предизвикува фатални срцеви удари и други болести на срцето. Поради тоа е покрената иницијативата „10 Minute Heart Month Challenge“ која ќе започне на 16. февруари, а во текот на неа вработените би требало да прават нешто корисно за своето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП