29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар славеше над Монпелје, Гонзалес задоволен од победата

Вардар славеше над Монпелје, Гонзалес задоволен од победата

dujshebaev

Ракометарите на Вардар, во претпоследното коло во Ц групата во Лигата на шампиони, славеа над Монпелје со 30:26 (18:13).

‘Црвено-црните’ го контролираа натпреварот од самиот почеток, а првата позначајна предност ја стекнаа во 19.минута, кога Штербик со две одбрани и Дибиров со два гола му донесоа водство од 11:7.

На стартот од вториот дел Вардар стигна и до шест гола позитива (19:13), но Монпелје возврати со три гола (19:16) и привидно ја врати незивесноста во мечот.

Францускиот тим до крајот не успеа посериозно да се закани, па вардарци лесно ја одржаа предноста.

„Разочарани сме од резултатот, мислевме дека можеме да поминеме подобро. Направивме премногу технички грешки за да можевме да ја одржиме неизвесноста во мечот и да му се заканиме на Вардар. Малку не поремети СП во Катар имавме 10 играчи, па ќе ни треба време да се вратиме во формата во која што бевме“, рече тренерот на лидерот во француското првенство Патрис Канајер.

„Ја осигуравме третата позиција на табелата и наредната недела против Рајн Некар ќе се бориме за второто место во групата. Монпелје е квалитетен тим, лидер во Франција, играат многу брз и допадлив ракомет. И ние имаме проблеми по СП, со формата и со повреди на одредени играчи. Најважно е дека го добивме овој меч“, рече вардаровиот тренер Раул Гонзалес.

Тимур Дибиров со 12 голови (7/7 седмерци) и Игор Карачиќ го предводеа Вардар, додека кај Монпелје најефикасен беше Драган Гајиќ со шест гола.

„Вардар заслужено победи, ние имавме неколку моменти кога можевме да се вратиме, но направивме многу технички грешки, а и Арпад Штербик ни одбрани неколку топки кога беше потребно за нив, а лошо за нас“, рече најдобриот стрелец од СП во Катар, Гајиќ.

Вардар во наредното коло, последно во фазата по групи ќе му гостува на Рајн Некар Ловен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП