24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерез го продава Роналдо!?

Перез го продава Роналдо!?

perez ronaldo 4

Трикратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо може да го напушти Реал Мадрид во блиска иднина, соопштува „El Confidencial“, повикувајќи се на извор од клубот.

Претседателот на „белите“, Флорентино Перез бил подготвен да го разгледа секој достоен предлог за 30-годишниот португалски репрезентативец.

На „Сантијаго Бернабеу“ планирале во текот на летото да си го вратат позајмениот на Виљареал, Денис Черишев, кој треба да биде искористен како алтернатива на Роналдо. Со текот на времето токму рускиот репрезентативец може да се претвори во заменик на ѕвездата. Роналдо има договор со Реал до 2018-та година, но во последните денови околу него има атмосфера на скандал.

Тој прво се раздели со неговата девојка Ирина Шијак, потоа направи неспортски потег и си заслужи црвен картон, а последната капка беше забавата за својот роденден, веднаш по понижувачкиот пораз од лутиот ривал Атлетико Мадрид.

Сепак, ова е само претпоставка, без ниту еден официјален сегмент како потврда од Реал Мадрид, па останува да се види како ќе се одвиваат работите до крајот на сезоната во шпанскиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП