19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНавики кои најпогубно влијаат на вашата кариера

Навики кои најпогубно влијаат на вашата кариера

rabotanova1

Можеби на вас ви изгледаат како неважни, но поважни се отколку што мислите…

Доцнење

Секогаш постојат ситуации надвор од вашата контрола поради кои ќе ви се случи да задоцните, но ако таквите ситуации се повторуваат секоја недела, или уште полошо, секој ден, запрашајте се дали проблемот е во вас. Ако сакате колегите и вашите надредени да ве сфатат сериозно и да ве почитуваат, трудете се секогаш да постигнете се навремено. На време доаѓајте на работа и на време обавувајте ги сите задачи кои се очекуваат од вас, без одложување.

Став

Секој од нас на работа има колеги кои го иритираат, за кои сметаме дека работата не ја сфаќаат сериозно и не ја обавуваат онака како што треба, но се додека не управувате со ваш бизнис и вработени, трудете се да ги почитувате сите свои колеги. Бидете љубезни, симпатични и чесни. Тероризмот врз колегите не може на ниту еден начин да ви помогне, туку само да ја отежни ситуацијата.

Трачеви

Ако некогаш и сами сте доживеале да сте тема на канцелариско озборување, тогаш знаете колку тоа е иритантно и колку штети на нечија репутација. Трачевите оставете ги за кафето со најдобрите пријатели, а кон колегите однесувајте се достоинствено и со почит, каква што и вие очекувате од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП