29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏорџ Карл нов тренер на Сакраменто

Џорџ Карл нов тренер на Сакраменто

forsale

Еден од ретките НБА тренери кој има повеќе од 1.000 победи во кариерата, Џорџ Карл договори соработка со Сакараменто Кингс.

Како што пренесува Yahoo Sports двете страни договориле четиригодишна соработка, а Карл дебито ќе го има на 20.февруари кога Сакраменто ќе игра против Голден Стејт.

Според договорот до крајот на оваа сезона Карл ќе заработи 1,25 милиони долари, во наредната 3,25, а во последните две по 5 милиони долари.

Во текот на кариерата како тренер на Кливленд, Голден Стејт, Сиетл, Милвоки и Денвер, Карл има забележано 1.131 победа.

Главна задача на Џорџ Карл ќе биде да го искористи талентот на еден од најдобрите центри во лигата Демаркус Казинс кој сезонава има просек од 23,8 поени и 12,4 скока по натпревар.

Сакрамнето во моментов со 18 победи и 24 порази се наоѓа на 13-то место во Западната конференција, а на последните 16 натпревари тимот има забележано само две победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП