19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРено го претстави Каптур

Рено го претстави Каптур

reno kaptur

Конечната верзија на моделот на Рено, Каптур, официјално беше претставен во Женева. Урбаниот кросовер е базиран хеџбек модел од Б-сегментот кој е нов тренд во производството на возила и скоро секој произведувач има автомобил од овој сегмент.

Токму Рено Каптур беше одговорот на француската компанија на споменатиот тренд. Моделот Каптур е долг 4.12 м, 1.66 м широк и 1.57 м висок, на кој се сместени алуминиумски тркала од 16 или 17 инчи.

Рено Каптур доаѓа со карактеристики како што се  ABS, AFU, ESC, Bluetooth конекција, USB , AUX, ограничување на брзината, интуитивен индикатор за правец, низок отпор на пневматици, електрични предни и задни стакла и многу други работи.

Кога станува збор за погонските агрегати, Каптур има два бензински мотори и тоа „Energy TCe 90“ кој троши 4.9L/100km и „TC3 120 EDC“ кој троши 5.4 L/100km. Љубителите на дизел моторите можат да одберат меѓу „Energy dCi 90“ и „dCi 90 EDC“ мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП