24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru Viziv - кросовер на иднината

Subaru Viziv – кросовер на иднината

subaru

„Subaru“ на авто-саемот во Женева го претстави новиот концепт на кросовер наречен „Viziv“. Овој модел треба да ги прикаже новите правци на развој на полето на дизајнот и технологијата на овој јапонски произведувач.

Името настана од англискиот збор „vision for innovation” и ја означува насоката на движење на брендот во иднина. Новата дизајнерска филозофија на „Subaru“ е споена во едно, спортски изглед на автомобилот и големата ефикасност при сите услови на возење на сите подлоги.

Однадвор го карактеризираат едноставни и чисти линии на површината. Напред се застапени мотиви на традиционалните маски на „Subaru“ и оригиналните фарови, кои се вклопуваат во динамичниот дизајн, благодарејќи на интересните браници и широките странични врати, кои заедно го формираат извајаниот спортски изглед.

subaru1

Внатрешноста е дизајнирана на начин кој ќе асоцира на динамично и спортско возење со акцент на дизјнот и функционалноста. Инструмент таблата е прилагодена првенствено за потребите на возачите и покрај другото го содржи и системот за асистенција наречен „Eye Sight“. Пред возачот се наоѓаат голем обртомер и брзинометар.

Иако е наменет за четири патници, автомобилот има две врати. Меѓутоа новиот развоен концепт, кој ги става потребите на патниците во прв план, им овозможува на патниците комфор и на долгите патувања.

Во концептот „Viziv“ е вграден „Subaru bokser“ дизел хибриден мотор, како предводник на идните погонски агрегати на овој произведувач.

subaru2

Погонскиот „Plug-in Hybrid“ систем се комбинира со 2.0 литарски дизел-боксер мотори и два независни електромотори кои се сместени позади. Дизелот ја пренесува снагата на предната осовина, а пак електромоторите на задните тркала.

Погонскиот систем автоматски одредува кој погонски агрегат и во колкава мера ќе го придвижува автомобилот, во склад со нивната снага и моменталната можност и со тоа да се постигнува оптимална заштеда на гориво.

Освен тоа, електромоторот ќе го придвижува возилото на стартот и при бавно возење низ град, додека дизелот ќе ја превземе улогата на автопат и при поголеми брзини.

subaru3

Од јапонскиот произведувач истакнуваа дека новиот симетричен погон на сите тркала во координација со независните електромотори кои ги придвижуваат само задните тркала уште повеќе ја нагласуваат развојната филозофија на „Subaru“ за погонот 4х4 и определување кон врвна безбедност во автомобилот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП