28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМултитаскингот не е продуктивен и не е корисен

Мултитаскингот не е продуктивен и не е корисен

labs-multitasking-640x330

Седнувате на работното биро и започнувате да ја работите својата работа, а некој ве прекинува и бара од вас да направите нешто сосема друго. Без размислување ја прекинувате досегашната задача и преминувате на новата. Ви звучи познато?

Но, сега имате две задачи кои ги работите истовремено, концентрацијата ја префрлате од едната на другата… Како тоа се одразува на вашата продуктивност? Истражувањата покажуваат – многу лошо. Тоа популарно наречено е мултитаскинг, но всушност само ја губиме концентрацијата со брзо менување на предметот на фокус.

Не се само другите лица оние кои ни сметаат или ни го одвлекуваат вниманието, тоа многу често го правиме и самите. Некоја информација на интерент или некој пристигнат меил лесно ви го одвлекува вниманието па се одлучувате да обавите уште некоја задача иако првата не е довршена.

Мултитаскингот стана животен стил, единствен начин на кој се обавува работата, но тој е голем противник на продуктивноста. Читањето на мејлови додека работите или проверувањето на пораките на телефонот на неколку минути додека обавувате комплицирана задача ви се чини како ситница, нешто што го правите автоматски и што не ви смета при работата, но сепак не е така, дури и кога имате впечаток дека токму тоа е најефикасниот начин на работа, бидејќи се постигнувате.

Таквиот начин на работа може да ве чини вистинска загуба и на 40 проценти од времето кое го имате за обавување на задачата – смета Девид Маер, професор по психологија кој ги спроведуваше истражувањата поврзани со мултитаскингот и неговата продуктивност.

Мултитаскингот не исцрпува и ни ја намалува продуктивноста, се согласуваат психолозите кои се занимаваа со ова прашање. Но, во денешното време на брзи информации и технологија, не е така едноставно да се концентрирате на само една работа. Потребна е софистицирана стратегија и психолошки трикови за да го избегнете, но и препознавањето на проблемот е чекор напред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП