3 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАVivax Cool Day 2025 ги претстави најновите технолошки и паметни решенија во...

Vivax Cool Day 2025 ги претстави најновите технолошки и паметни решенија во индустријата

Вчера во Скопје се одржа традиционалниот настан VivaxCool Day 2025 – дел од серијата уникатни регионални настани на групацијата Vivax, во организација на Паком, официјалниот увозник и претставник на Vivax воМакедонија.

На овој настан организаторите ја слават континуираната посветеност на квалитетот на производите и услугите и ги презентираат последните унапредувања на стандардите со најнова технологија која комбинира ефикасност, одржливост и паметни решенија за секој простор.

Оваа година, Double Tree by Hilton беше домаќин на повеќе од 400 професионалци од индустријата, партнери и соработници на Vivax Македонија, меѓу кои и гости од Хрватска и Албанија, што уште еднаш го потврди регионалното лидерство на брендот и заедничката визија за унапредување на индустријата.

„Горди сме што секоја година имаме можност да претставиме нов, унапреден Vivax асортиман, кој носи иновации што прават разлика во животите на нашите корисници со повисоко ниво на енергетска ефикасност, корисничко искуство и паметни решенија.

Покрај инспиративните иновации, за нас е посебно важна уште една многу силна страна на брендот – за нас, грижата за околината, одржливиот развој и чистата животна средина се императив“ – истакнуваат од Паком.

Vivax Cool Day 2025 официјално го отвoри генералната директорка на Паком Македонија, Маргарета Гњатовиќ Спиров.

Во техничкиот дел од програмата беше претставена новатанапредна генерација Vivax уреди, кои носат нови стандарди со беспрекорни функционалности и енергетски ефикаснирешенија: 

• Најнови трендови и VIVAX продукти кои јапреструктуираат пазарната реалност

• Нова генерација на VRF системи – технологија намодерната климатизација

• Интергација на топлинските пумпи за подобра енергетска одржливост како и претставување на ESS системите кои ја трансформираат енергетскатаиндустрија

• Сеопфатно корисничко искуство кое го нуди брендот преку услугите за сервис и постпродажна поддршка

На настанот учесниците имаа уникатна можност лично да ги тестираат новите уреди и да ги откријат нивните иновативни функционалности.

По серијата инспиративни предавања, публиката имаше можност да ужива и во забавниот дел од програмата кој започна со незаборавно стендап шоу на Никола Тодоровски, кој внес,е уникатна енергија и хумор во атмосферата.

Традиционално, се одржа и забавниот Vivax квиз во кој учесниците кои се истакнаа со најмногу точни одговори добија специјални подароци од брендот.

По официјалната програма, гостите уживаа во коктел-забава со специјално изненадување – спектакуларен настап на македонската поп музичка ѕвезда Тамара Тодевска.

Како и секоја година, Vivax Cool Day 2025 ги надмина очекувањата на публиката, овозможувајќи ексклузивен увид во напредните технолошки и паметни решенија, но и незаборавно забавно шоу.

Со овој настан Vivax повторно покажа зошто е еден од водечките брендови во регионот за климатизација, омилен на повеќе од 100.000 домаќинства.

Сите новости за Vivax во нашата земја се достапни на социјалните мрежи.  

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП