3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГи перете ли пешкирите доволно често?

Ги перете ли пешкирите доволно често?

Peskiri588526623

Некои велат дека пешкирите е доволно да се перат на неколку недели, други сметаат дека сосема е во ред да се перат еднаш неделно. Всушност, колку често треба да се перат пешкирите?

„Кога ќе ја избришете кожата со пешкир по туширањето, пешкирот треба да го ставите да се суши. А по три вакви користења треба да го исперете“, вели д-р. Кели Рејнолдс од Универзитетот во Аризона.

„Бактериите и мувлата започнуваат да се собираат на пешкирите по користењето, но тоа ќе го спречите така што ќе ги оставите веднаш да се исушат“, вели Рејнолдс и нагласува дека на пешкирите, покрај водата, се задржуваат и мртви клетки од кожата и затоа задолжително е секое лице да има свој пешкир кој нема да го дели со другите лица во домот.

Таа вели дека пешкирите со кои го бришеме лицето би требало да ги переме по секоја употреба.

„Иако пред бришењето со миење сте ја отстраниле шминката од лицето, сепак ситните честички остануваат на лицето, а потоа се пренесуваат и на пешкирот“.

Кога станува збор за пешкирите со кои ги бришеме рацете нив треба секојдневно да ги менуваме и переме бидејќи ги користиме често и на нив се задржува голема количина на вода. „Тоа се совршени услови за развој на бактерии и мувла“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП