Драстичното намалување на килограмите бара и драстични мерки како што е диеталната исхрана и вежбањето.
Но, она што ќе ви го откриеме не е диета ниту магична справа која топи килограми, туку три едноставни трика со кои можете да ја убиете гладта. Доколку при држењето на диетата почувствувате глад, посегнете по овие три нешта, тие сигурно ќе ви помогнат, а воедно нема да ги расипат резултатите кои ги очекувате од диетата.
Кисели краставички
Киселите краставички не мора да бидат секогаш прилог, тие всушност се одлично средство за намалувањето на желбата за храна. Оваа кисела посластица го намалува шеќерот во крвта па со самото тоа се ублажува и гладта. Доколку почувствувате еден час пред оброкот неверојатна желба за храна, изедете неколку кисели краставички.
Бадеми, ореви и лешници
Веќе сме споменале како јаткастите плодови се здрави и хранливи грицки кои можете да ги јадете помеѓу оброците. Една шака од овие здрави грицки моментално ќе ве засити, а во комбинација со сушено овошје, се непобедливи борци против гладта.
Минерална вода наместо газирани сокови
Иако газираните сокови ја убиваат гладта, тие се калорични и преполни со шеќери и никако нема да ви помогнат доколку сте на диета. Затоа заменете ги со минерална вода. Таа ќе ви помогне да се освежите, но и да се заситите. Овој нискокалоричен пијалок можете да го комбинирате со претходните намирници. Испијте една чаша минерална вода по споменатите намирници и ситоста набрзо ќе настапи.