2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУште една причина веднаш да се напиете кафе

Уште една причина веднаш да се напиете кафе

boximage (10)

Неодамнешното истражување открива дека кафето може да ја подобри работата на еден од органите во нашето тело…

Сите кои обожуваат кафе и не можат утрото да го замислат без кафе, оваа вест ќе ги израдува. Најновото истражување покажа дека пиењето на овој омилен утрински пијалок, навистина е добро за црниот дроб.

Докажано е дека луѓето кои секојдневно пиеле поголеми количини на кафе (три шољи или повеќе) го намалиле нивото на лоши ензими во црниот дроб, а ефектот бил постигнат и со кафето без кофеин.

Авторот на истражувањата др. Киан Ксиао од Мариленд изјави дека претходните истражувања докажале дека пиењето на кафе има позитивно влијание на црниот дроб, но дека не било познато во колкава мера истиот ефект го има и кафето без кофеин.

За да ги утврдат ефектите на безкофеинското кафе на црниот дроб, Ксиао и неговите колеги ги користеле претходните податоци и го прегледале истражувањето спроведено на 27.800 лица постари од 20 години, а резултатите потврдија дека и кафето без кофеин може позитивно да влијае на работата на црниот дроб во иста мера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП