14 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАХроничниот недостаток на сон ја намалува продуктивноста на работа

Хроничниот недостаток на сон ја намалува продуктивноста на работа

59243125954bfc50b3114d665452423_w640

Бидејќи недостатокот на сон е се почест проблем, истражувачите тврдат дека флексибилното работно време е од поголема корист за вработените.

Хроничниот недостаток на сон, заморот од работа и недостатокот на мотивација би можеле да исчезнат веднаш, доколку работното време е поместено за подоцна во утринските часови, покажа големото истражување на Универзитетот во Пенсилванија.

Истражувањето кое опфати повеќе од 120.000 лица, покажа дека за секој час кој го поминуваат работејќи, луѓето во просек спијат 20 минути подолго, но во тој случај се продуктивни и среќни.

Бидејќи недостатокот на сон се почесто е проблем, истражувачите тврдат дека флекибилното работно време е од голема корист за вработените. Работното време е најголемиот крадец на сонот, а тоа што луѓето мораат да бидат на работа во раните утрински часови, кај повеќето всушност доведува до намалување на продуктивноста – заклучи водечкиот научник на истражувањето, др. Матијас Баснер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП