7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Мерките на ЕЦБ се недоволни

Меркел: Мерките на ЕЦБ се недоволни

merkel_1858936c

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека мерките на ЕЦБ за поттикнување на економијата сами по себе нема да бидат доволни.

Според нејзините зборови, неопходно е членките на Европската унија да продолжат со реформите за подобрување на конкурентноста.

ЕЦБ вчера најави дека од март 2015 година до септември 2016 година ќе купува државни и приватни обврзници за 60 милијарди евра месечно за да ја поттикне слабата економија во еврозоната.

Што и да направи ЕЦБ, тоа нема да биде доволно, изјави Меркел и предупреди дека таа одлука може да го наруши процесот за неопходните реформи.

Таа изјави дека некои земји, како Португалија и Ирска, спроведувале реформи за да добијат помош, додека други како што се Италија и Франција сега го прават тоа.

Германската канцеларка изјави дека ЕЦБ е „целосно независна“ од политичарите.

Агенцијата „Асошиејтед“ наведува дека се сметало дека германските претставници во управниот одбор на ЕЦБ биле против пакетот мерки кои вчера ги објави претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП