7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ќе го преплави пазарот со 60 милијарди евра месечно!

ЕЦБ ќе го преплави пазарот со 60 милијарди евра месечно!

ITALY NAPLES ECB MEETING

Претседателот на Европската Централна Банка, Марио Драги го претстави планот за помош на европската економија.

Планот опфаќа купување на државни обврзници на земјите во еврозоната кои имаат инвестициски кредитен рејтинг, во износ од дури 60 милијарди евра месечно.

Програмата ќе биде на сила од март оваа година до септември 2016-та година.

Во програмата за купување на обврзници ќе бидат и земјите кои веќе претходно имаат добиено помош со цел да избегнат банкрот, како на пример Грција, но ќе мораат да ги задоволат посебните критериуми.

Инфлацијата во еврозоната моментално е негативна, т.е. изнесува -0,2%. Европската Централна Банка сега се надева дека ќе постигне инфлација од 2%.

На прашањето за ограничувањата при купувањето на обврзници, Драги изјави дека купувањето ќе биде ограничено на најмногу 25% на поединечни издавања и 33% на еден издавач.

„Монетарната политика може да направи подлога за раст, но за инвестиции потребна е доверба, а за доверба се потребни структурни реформи“, вели Драги.

Економистите, политичарите и бизнис секторот повеќе од една година ја повикуваат Европската Централна Банка да превземе радикални мерки со цел да се поттикне инфлацијата и растот на економијата. Во април минатата година директорката на „MMF“, Кристине Лагард и американскиот министер за финансии Џек Лев ја предупредија „ЕЦБ“ дека е потребна итна акција.

Претседателот на „ЕЦБ“, Марио Драги исто така се залагаше за мерки на „квантитативно олеснување“, односно печатење на пари за финансирање на откупот на државни обврзници во еврозоната, но наиде на силно противење од страна на германските членови во советот на „ЕЦБ“, како и германските политичари и јавност.

Аксел Вебер, поранешниот претседател на „Bundesbank“, ја критикуваше „ЕЦБ“ поради ваквите мерки, затоа што според неговото мислење, тие ќе дадат краткотрајни резултати, додека во исто време ќе се намали притисокот од некои земји, како Франција и Италија, да спроведат непопуларни реформи.

Пазарите силно реагираа, по објавата на Драги за програмата, па еврото забележа пад во однос на доларот, а во однос на последното тргување за дури 0,75%, на 1.15 долари за евро.

„Со оваа одлука започнува ново поглавје во еврозоната. Со оглед на досегашната работа на Европската Централна Банка, имам причина да бидам оптимист кога станува збор за крајниот резултат од овие мерки“, напиша Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент на својот „Твитер“ профил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП