10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистите поделени околу планот на ЕЦБ за откуп на државни обврзници

Економистите поделени околу планот на ЕЦБ за откуп на државни обврзници

davo

Водечките економисти присутни на Светскиот економски форум во Давос изнесоа спротивставени мислења околу планот на Европската централна банка (ЕЦБ) за откуп на државни обврзници.

Противниците на ваквата идеја сметаат дека тоа е мерка без преседан во напорите за справување со дефлацијата.

Поранешниот гувернер на германската централна Бундес банка, Аксел Вебер смета дека Европа ја „прокоцкала“ тригодишната шанса за спроведување на неопходните реформи.

– Вистинскиот проблем е во тоа што ЕЦБ постојано си купуваше време со цел европските политичари да го решат проблемот, но тие не успеаја да го сторат тоа во изминативе неколку години, изјави Вебер, нагласувајќи дека неговото мислење го делат повеќето членови во
актуелната германска Влада.

Според Вебер, Европа ја пропуштила „добрата шанса“ да превземе некои неопходни мерки во многу подобри услови.

– Според мене, ЕЦБ не смее да оди предалеку, бидејќи со своите мерки ќе ги поттикне владите да работат помалку, рече Вебер, кој во 2011 година поднесе оставка на гувернерската функција во знак на протест поради програмата за откуп на државни обврзници.

Поранешниот член на Монтарниот одбор на британската централна банка, Адам Посен меѓутоа смета дека еврозоната се соочува со закана од дефлација, која не смее да се игнорира.

– Оние кои се противат на планот за откуп на обврзници, според мене, грешат и се трудат таа програма да пропадне, изјави Посен кој во минатото беше познат како приврзаник на програмата за кавнитативно олабавување на Банката на Англија.

Поранешниот економист на ЕЦБ, Јирегн Штарк меѓутоа смета дека стравувањето од дефлација е преувеличено и дека тоа само се користи за промовирање на нови „контроверзни“ мерки.

Управниот одбор на ЕЦБ утре треба да го одржи своето прво заседание во 2015 година, на кое се очекува да ја најави програмата за откуп на државни обврзници, со цел да го поттикне успорениот економкси раст во еврозоната.

ЕЦБ досега интервенираше во неколку наврати со цел да го спречи колапсот на еврозоната која беше потресена од грчката должничка криза.

Но, и покрај мерките на Банката, еконмскиот раст на евроозната беше слаб, стапката на невработеност остана невообичаено висока и постои опасност од континуиран пад на цените, што би можело да доведе до дефлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП