11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрекувремената работа ја зголемува склоноста кон алкохолот

Прекувремената работа ја зголемува склоноста кон алкохолот

025848-alcohol-650x330

Лицата кои често работат прекувремено имаат зголемена склоност за претерана консумација на алкохол, покажува истражувањето спроведено во 14 земји.

Резултатите собрани од околу 333.000 испитаници покажуваат дека лицата кои работат повеќе од 48 часа неделно имаат за 13 проценти поголеми шанси да претераат во консумацијата на алкохол.

Експертите од списанието BMJ додаваат дека на резултатите не влијаеле годините, полот, ниту социо-економскиот статус на испитаниците. Финските научници кои го спровеле истражувањето за претерана консумација на алкохол го сметаат неделниот внес на повеќе од 14 дози на алкохолни пијалоци за жените и 21 доза за мажите.

Консумацијата на алкохол која го надминува овој лимит е поврзана со зголемениот ризик за болести на црниот дроб, ракот, мозочниот удар, болестите на срцето и менталните пореметувања.

Истражувачите, добиените резултати ги објаснуваат како последици од стресот, депресијата, заморот и недостатокот на сон кај испитаниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП