11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредлог-стратегијата за енергетика до 2035 презентирана пред МЕА

Предлог-стратегијата за енергетика до 2035 презентирана пред МЕА

nemastruja

Просечен пораст на потрошувачката на финална енергија со годишна стапка од 2,3 отсто и раст на вкупната потребна енергија од 1 отсто, а на електричната енергија од 1,1 отсто на годишно ниво предвидува основното сценарио на „Работната верзија на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот до 2035 година“ што денеска беше презентирана пред Македонската енергетска асоцијација (МЕА).

Предлог стратегијата ја изработи МАНУ и во неа покрај основното има уште две сценарија – „со засилени мерки на енергетска ефикасност“ и „со засилени мерки на енергетска ефикасност, но и мерки за поголемо искористување на обновливите извори на енергија“. Во моментов е во фаза на доставување на писмени забелешки по што ќе биде објавена на веб-страницата на Министерството за економија каде ќе стои еден месец, по што ќе следи јавна расправа.

Основното сценарио најголем пораст предвидува кај потрошувачката на природниот гас и на обновливите извори на енергија како соларната и геотермалната енергија. Во финалната потрошувачка на енергија во 2035 планирано е електричната енергија да учествува со 24 отсто, природниот гас со 16 проценти, а нивото на потрошувачката на нафтените деривати да остане како во 2012 година, рече академик Глигор Каневче кој ја презенетираше стратегијата.

Тој посочи дека домаќинствата до 2035 година ќе го намалат учеството во финалната потрошувачка на енергија, сообраќајот ќе го зголеми, а индустријата ќе остане на нивото од 30 отсто во вкупната потрошувачка.

Кај производството на електрична енергија се предвидува до 2020 година да заврши реконструкцијата и модернизацијата на РЕК Битола, а во периодот од 2021 до 2022 година да се изврши реконструкција на ТЕЦ Осломеј. Градба на нови термоелектрани на јаглен е планирано дури по периодот по 2031 година кога ќе им истече векот на постојните блокови на РЕК Битола. Во 2032 година е предвидено затворање на постојните блокови на РЕК и изградба на нов блок од 300 мегавати кој треба да се напојува со јаглен од Мариово, истакна Каневче.

Додаде дека кај хидроелектраните се предвидува изградбата на ХЕЦ Бошков Мост и ХЕЦ Црн Камен со браната Луково Поле и додавање на по уште еден агрегат на ХЕЦ Шпилје и ХЕЦ Глобочица.

Планирана е изградба на канал што ќе го спои Вардар со езерото Козјак и со тоа ќе се обезбеди дополнително производство на хидроелектраните на Треска од 110 гигават часови. Во периодот после 2026 година планирана е изградба на ХЕЦ Велес, а после 2030 година и изградбата на ХЕЦ Чебрен и на ХЕЦ Градец. Од термоелектраните на природен гас се предвидува по периодот на 2030 година кога истекува векот на постојните ТЕТО и КОГЕЛ да се отворат две нови со вкупна моќност од 300 мегавати. Во тој период е планирана и една термоелектрана на природен гас. До 2020 година се планира доизградба на ветерни електрани со повластена тарифа со капаците од уште 63 мегавати со што ќе се заокружат на 100 мегавати, а потоа да се градат уште 50 мегавати, додека по 2026 година се планира изградба н авертерни електрани без повластени тарифи. До 2020 се планира да се доградат уште девет фотоволтаични електрани покрај постојните 18, до 2025 нови пет со повластена тарифа, а потоа следи период без повластени тарифи за ппроизводство на електрична енергија за фотоволтаични системи на полјани и на покриви со што вкупната инсталирана моќ ќе се дижи до 200 мегавати. Планирани се и геотермални електрани со три и со седум мегавати, биогас со повластени тарифи уште седум мегавати, а без уште 10 мегавати и четири термоелектрани-топлани на отпадна биомаса со вкпна моќност од 12,5 мегавати, појасни Каневче.

Прецизира дека во стратегијата се предвидува хидроелетраните од сегашното учесво од 33 отсто во вкупниот инсталиран капацитет ќе го зголемат на 53 отсто, учеството на термоелектраните на јаглен ќе падне на 16 отсто.

Производството на електрична енергија во термоелектраните од јаглен ќе падне од 50 на 30 отсто, додека на хидроелектраните од 12 отсто ќе се зголеми на 32 отсто, 30 отсто од производството ќе се добива од термоелектраните-топлани и термоелектрани на природен гас…. Потрошувачката на јаглен ќе се стабилизира на ниво на потребните количества за работа на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, потрошувачката на гас значително ќе порасне и ќе достигне до 1,2 милијарди нормални метри кубни, а увозот на електрична енергија ќе се намали на 170 гигават часа годишно додека 4.000 гигават часови од домашнотопроизводство ќе се добива од обновливи извори на енергија, рече Каневче.

Нагласи дека јагленот од 50 отстотно учество во производството на вкупната енергија ќе падне на 25 отсто, додека природниот гас од 4 отсто ќе порасне на 26 отсто, а емисиите на стакленички гасови во атмосферата во апсолутен износ ќе останат на исто ниво како во 2012 година додека во релативен износ ќе има значително опаѓање.

Претседателот на МЕА, Кочо Анѓушев посочи дека предлог стратегијат е изработена на софтверски пакет кој предвидува цената на електричната енергија во 2035 година да изнесува 90 евра по мегават час што според него е тешко да се очекува бидејќи моменталнаа е 45, апредвидувањата за наредните три години се дека ќе биде уште пониска. Со тоа, како што рече, тешко дека ќе биде исплатливо производството од обновливи извори на енергија без фидинг тарифи и многу тешко ќе се најдат инвеститори кои сакаат да градат енергетски капацитети. Порача дека Владата мора да размисли што ќе прави со јагленот и да овозможи железничка инфраструктура до постојните термоелектрани на јаглен за да може домашниот да се замени со увозен јаглен. Додаде дека предвидените фотоволтаици со вкупен капацитет од 200 мегавати и ветерните електрани со 160 мегавати ќе преставуваат проблем за балансирање на системот и нагласи дека за реализација на предвидените нови 700 мегавати од хидропотенцијалот и 330 мегавати од обновливи извори на енергија или вкупно нови капацитети со моќ од 1.800 мегавати ќе требаат две до три милијарди евра.

Професорот Константин Димитров и Крсте Миладинов од МЕР порачаа повеќе внимание да се посвети на природниот гас, а Николајчо Николов од „Бучим“ истакна дека паралелно треба да се направи и стратегија за развој на индустријата за да може стратегијата за развој на енергетиката да биде попрецизна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП