4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Германија се спаси во 1953-та година

Како Германија се спаси во 1953-та година

germanijapari

Во 1953-та година економската ситуација во Германија не била баш сјајна. Земјата била премногу задолжена, без пристап до пари и под голем притисок. Нејзиниот долг изнесуваше околу 30 милијарди марки, а меѓу оние кои побаруваа пари од Германија, беа дури 70 земји. Тие беа во слична ситуација како што е денеска Грција.

Но за штедење и отплата никој не размислувал. На германската економија итно и бил потребен свеж капитал, за да може да се опорави. Па така започнале преговорите. Во летото 1952-та година, германските претставници пристигнале во Лондон. Британците имале став дека Германија може и мора се да врати, додека Американците биле против, затоа што сакале Германија да има и пари за други потреби, односно за наоружување.

Па тогаш стигнала и одлуката со лондонскиот договор од 1953-та година, со кој на Германија и бил простен половина од долгот, а другата половина била репрограмирана на долгорочна отплата.

Тој договор бил темел на економското чудо. Имено со лоноднскиот договор се направи камен темелник за Германија како извозна нација, затоа што тие само така ќе можеле да го враќаат долгот. Нејзините производи ги купувале оние на кои им била должна. Од 1953-та година до 1963-та БДП-то на Сојузната Република Германија бил двојно зголемен, а економскиот пораст бил огромен. Па така овој период се смета како пресврт во работењето на Германија и правењето на оваа земја во тоа што е денес или една од најмоќните економии во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП