5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПразниците - замка за прејадување

Празниците – замка за прејадување

rana

Лекарите и нутриционистите апелираат на граѓаните за време на празниците да водат сметка и да не западнат во замка на прејадување и претерување со пиење, посебно на оние кои постат и кои, после неколку недели, за Божик ќе јадат мрсна храна.

Иако за Нова година, Бадник и Божик во поголеми количини се подготвуваат различни јадења, треба да се придржуваме кон основните правила кои важат во секој период од годината и да настојуваме исхраната да биде редовна, умерена и разновидна, препорачуваат лекарите и нутриционистите.

Како начин на подготовка кој посебно е непожелен од здравствен аспект е пржењето и похувањето храна.

Кога е во прашање празничниот ручек, лекарите појаснуваат дека умереноста подразбира оти предјадењето можеме и да го прескокнеме, а по супата да избереме едно од главните јадења кои ни се нудат, на пример само сарма или само печење, не заедно и едното и другото.

Кога луѓето постат, преминувањето од посна на мрсна исхрана не треба да биде нагло, како што и воведувањето на постот треба да биде постепено, велат лекарите.

Тоа значи дека на првиот ден на Божик, оние што постат не треба да посегнуваат по големи количини мрсна храна и да избегнуваат големи количини печено месо, колачи и алкохолни пијалаци.

Умерената исхрана е начин да избегнеме непосредни здравствени тегоби, како што се чувство на надуеност, или болки во стомакот, но и долготрајни последици кои можат да бидат различни, зависно од нашата здравствена состојба – од скок на крвниот притисок до проблеми со варењето кое големиот внес на храна дополнително го отежнува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП